Примена на магнетната резонанца при дијагностика на мозочен удар

d-rMagdalenaPopovskaНа оваа тема пишува Спец. Д-р. Магдалена Поповска, специјалист по радиологија во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА.

Што е мозочен удар и која е причината за негово настанување?

Мозочен удар преставува патолошка состојба која настанува поради недостаток на кислород на мозочните клетки. Најчесто причината за мозочниот удар е затнување на некоја од мозочните артерии или артериите на вратот од тромб, што всушност преставува згрутчена крв која како чеп го запира нормалниот проток на крвта. Ова е ургентна состојба, која може да има смртоносен исход или да остави тешки последици на здравјето, како и траен инвалидитет, ако не биде на време препознаена и третирана. За да настане неповратно оштетување на мозочните клетки треба да поминат 6 часа од мозочниот удар. Во овој период клетките влегуваат во хибернација и доколку терапевтски се делува, мозочните клетки можат во целост да заздрават. Затоа е и толку важно мозочниот удар да се открие навреме.

Кои дијагностички методи се користат за откривање на мозочниот удар?

Како златен стандард, долго време се користела компјутерската томографија која во својата основа користи рентгенски зраци. Таа била многу подостапна од магнетната резонанца, додека и самата магнетна резонанца не била доволно технолошки развиена за да може да се примени при овој проблем. Сепак, компјутерската томографија го има тој недостаток, што во првите 6 часа не може со сигурност да го детектира мозочниот удар. Може да постојат некои суптилни знаци, но тие не можат со сигурност да се разликуваат од некои промени на мозокот кои настануваат со стареењето. Затоа често се користела, за да се докаже и евентуално да се направи разлика помеѓу крварењето во мозокот или некоја друга патологија во подоцнежните фази од мозочниот удар. Во последните десетина години, златен стандард за утврдување на мозочен удар е магнетната резонанца.

10350427_445521312217145_1633995134224438581_nКоја е предноста на магнетната резонанца во однос на останатите дијагностички методи?

Со техничкото надградување и усовршување на магнетната резонанца се развија голем број на секвенци (тоа се најчесто 2-3 минутни испитувања кои прикажуваат различен контраст меѓу ткивата). Магнетната резонанца во основа користи електромагентни бранови кои се комплетно безопасни за човечкото здравје. Во патологијата на мозочниот удар се користат 2 секвенци кои успеаа да придонесат до навремено откривање на мозочниот удар, а со тоа и намалување на смртните случаеви и инвалидитетите кои настануваат. Тоа се секвенците на перфузија и дифузија.

Што е Перфузија и Дифузија ?

Дифузијата е такво испитување со магнетната резонанца, кое може да го детектира оштетениот дел од мозокот, уште после првите 10 минути од настанувањето на мозочниот удар. Зборувајки вака и би се прашале, па зошто ни е потребна тогаш перфузијата. Дел од клетките влегуваат во состојба на хибернација, при што не се прикажуваат на секвенцата со дифузија. Затоа се следи протокот на крв во мозокот. Оној дел на мозокот што е во хибернација има помал проток на крв. При тоа се врши обработување на податоците и споредување со добиените податоци од дифузијата, за да се установи колкав дел од мозокот е загрозен, а колкав дел е дефинитивно оштетен, со што може да се одреди правата терапија од страна на невролозите.

Во радиолошката амбуланта во Поликлиника НЕУРОМЕДИКА може да се извршат следниве дијагностички процедури:

  • Магнетна Резонаца на неуро со DWI и спектроскопија22
  • Магнетна Резонаца на мускулоскелетал
  • Магнетна Резонаца на дојка
  • Компјутерска томографија на бели дробови и абдомен
  • Компјутерска томографија ангиографија
  • Ехо на дојка и абдомен
  • Мамографија

Спец. Д-р. Магдалена Поповска

Специјалист по радиологија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/2 042-323

www.neuromedica.com.mk

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

 

 

 

Advertisement