Чест проблем кај пушачите е тоа што сакаат да ги остават цигарите, но се плашат дека ќе се здебелат. Всушност, нема потреба за грижа. Со оваа билка слободно може да престанете да пушите, без да се плашите дека ќе се здебелите.
Стевиа е билка од семејството на хризантеми, со потекло од Парагвај, која со векови се употребува како природен засладувач. Одлична е во борбата против дебелината и исто така ќе ви помогне во лекување на дијабетес и хипертензија, а што е најважно, ќе ја убие секоја желба за никотин.
Може да се употребува како маска за нега на кожата бидејќи ја храни, затегнува и ја прави мазна. Стевиа исто така може да се користи за сузбивање на акни и ефикасно дејствува против дерматитис.
Достапна е во облик на суви листови, зелен бел прав и во вид на течност. Таа не бара многу, што значи дека може да ја засадите дури и во вашиот двор или во саксија.