Кога се работи за разубавување , секогаш е подобро да користиме природни препарати : не содржат штетни хемикалии, евтини се , а често се и поделотворни од купечките.
За оваа пасти ни е потребно :
- 2 лажици сода бикарбона
- 1 лажица сушена, ситно мелена жалфија
- половина лажица морска сол
- 15-20 капки есенциално масло од пеперминт.
Подготовка : Сите состојки се мешаат во мал сад. По миењето на забите со стандардна паста, натопете ја четката за заби во оваа мешавина, почекајте една минута, и потоа измијте ги.
Предноста на овие состојки : Жалфијата во многу култури традиционално се користи за одржување на здрави заби и избелување. Сода бикарбоната полира и ги отстранува дамките. Маслото од пеперминт го освежува здивот, а исто така има и антисептичко и антибактериско дејство.
Морската сол е полна со здрави минерали, кои посебно помагаат кај осетливи непца. Совршената и здрава насмевка ви е загарантирана !