Интересната билка Анѓелика (Angelica archangelica), во народната медицина се користи долго време. Поради својот ароматичен вкус, одамна е позната како храна, зачин, но и лек.
Во градините на средновековните калуѓери, се одгледувала како една од главните лековити билки, а пред се како средство против чума. Според легендата, благородноста во лечењето на чума која тогаш брзо се ширела низ Европа, ја открил Архангел Михаил, по кого и го добила името.
Познато било дека го смирува и нервниот систем и го регулира варењето, поради што добила посебно место кај свештениците во средниот век. Се препорачува и за заздравување од анорексија и изнемоштеност. Билката се користи и против реума, болест на црниот дроб, жолчката, како и против менструалните болки.
Анѓелика го поттикнува секретот кај дишните органи. Во нејзиниот состав има масло кое делува против воспаление и ги уништува инфекциите кај бронхитис и воспаление на белите дробови. Билката го спречува и згуснувањето на крвта, затоа се препорачува при лекувањето на тромбоза.
Чајот од оваа благородна билка е корисен за желудникот, прочистување на крв и бешиката. Ги ублажува грчевите во стомакот и хемороидите. Производите од билката Анѓелика, не се препорачуваат за време на бременост и доење.
Исто така, не е препорачлива за дијабетичари, како и за пациенти кои користат лекови против згрутчување на крвта.