Импактирани заби (Умници)

foto 09Dentes serotini – трети молари, осмици, заби на мудроста, се само некои од имињата кои се однесуваат на умниците. Луѓето  често  не се свесни дека имаат умници. Непријатно чувство, будење од сон, отежнато отворање на уста (тризмус), отежнато голтање, како и болка со различен интензитет се некои од причините, поради кои пациетите се јавуваат кај стоматолог.

Умниците се развиваат релативно доцна. Нивната минерализација завршува околу 13-та година од животот, а нивното никнување е во периодот од 18-25 години.

Причините за импактиран заб се бројни, а најчести се:

  • недостаток на простор во забниот лак;
  • неправилна положба на импактираниот заб;
  • длабоко поставен заб во вилична коска;
  • склероза на коската;
  • присуство на прекубројни заби;
  • присуство на патолошки процеси (цисти, одонтоми);
  • наследноста е предоспонирачки фактор.

Импактираните заби се откриваат од страна на стоматолог со помош на:Algiers_dental_cleaning

– анамнеза

– клинички преглед

– РТГ снимки ( панорамикс) – снимка на сите заби

Компликации ако не се извадат импактираните заби:

– pericoronitis (воспаление на мекото ткиво околу забот). Се манифестира со јака болка, отежнато отварање на устата (тризмус), отежнато голтање со црвенило и оток, како и со воспалемие на лимфните жлезди под долната вилица.

– создавање на парадонтален џеб околу соседниот заб.

– кариес

– болка

– создавање на ортодонски аномалии.

3d-rendered-illustration-of-the-wisdom-teeth-2Третман

– Хирушко вадење на импактираниот заб на основа на поставена дијагноза, клинчки преглед и анализа на РТГ снимката;

– после операцијата на пациентот му се аплицира кортикостероид локално за да се редуцира отокот, болката, тризмусот. Се ординираат антибиотици, аналгетици, држење на ладно од надвор.

Некогаш, поради ортодонски причини потребно е хирушко вадење на импактираните заби (умници) кои немаат завршен коренов раст (зермектомија) и обично тоа се прави во 13 или 14 година од животот.

Спец. Д-р Тодор Стаменковски

Орален хирург

NEUROMEDICA

www.neuromedica.com.mk

Advertisement