Практични совети по операција на рак на дојка

RAK NA DOJKAПосле секоја операција мора и да внимаваме на себе, без разлика дали има проблем или не.После операција на рак на дојка, треба да избегнувате нагли движења, истегнување и кревање тешки предмети со болната рака.Носете заштитни ракавици при градинарски работи и при употреба на средства за чистење.Не фаќајте жешки садови. При шиење користете напрсток, внимавајте да не се пресечете, набодете или на друг начин да ја повредите болната рака. Избегнувајте претерано сончање, земање крв или примање инекција. Сето тоа правете го на здравата рака. Редовно контролирајте ја телесната тежина. Внимавајте по операцијата да не се здебелите, бидејќи тоа му штети на вашето здравје. Не заборавајте ја другата дојка, прегледувајте ја еднаш месечно и при најмала промена обратете се на лекар. Водете сметка за надворешниот изглед. Вашиот изглед треба да оддава здрава и негувана жена.Редовно одете на контролни прегледи и живејте нормален живот.

 

Advertisement