Научници излечиле пациент од вирусот ХИВ, пишува Њујорк тајмс.

Човекот чие име се чува во тајност го нарекуваат Лондонскиот пациент. Со години, се правени обиди да се повторат резултатите со таканаречениот Берлински пациент, кој бил прв излекуван од ХИВ.

Се очекува во списанието “Нејчр”, да бидат објавени деталите за Лондонскиот пациент кој е вториот излечен од вирусот предизвикува СИДА.

Двата успешни случаи станаа реалност кај трансплантацијата на коскената срцевина на пациентите. Во двата случаи, трансплантацијата била со цел да се лекува ракот, а не вирусот ХИВ.

И покрај успехот, научниците предвиделе дека трансплантацијата на коскена срж нема како да се претвори во масовна пракса за лекување на заразените со ХИВ. Во моментов, стандардна процедура е да се потисне вирусот со моќни лекови. Сепак, трансплантацијата на клетки модифицирани да го издржат вирусот ХИВ може да биде заштеда на живот во одредени случаи.

Лондонскиот пациент е излечен од ракот и од вирусот ХИВ. Според лекарите, тој го опишал успехот во третманот како “надреален”.

Првиот случај на излекуван од ХИВ беше претставен во 2007 година на истата научна конференција во Сиетл, на која денеска ќе бидат прикажани резултатите на Лондонскиот пациент. Тогаш германски лекар го покажа постигнатото со Берлинскиот пациент, кој подоцна беше откриен како Тимоти Реј Браун, на 52 години, кој живее во Калифорнија.

Advertisement