Инфекции на уринарниот тракт

infekcija na mokracni patistaИнфекциите на уринарниот тракт се на второ место по зачестеност, веднаш по инфекциите на респираторниот систем. Од нив, најчесто се појавува воспаление на мочното бабуле- циститис, од кој заболуваат околу 2% од помладата популација и над 33% од повозрасните. Најзагрозена група се сексуално активните жени, на возраст од 20 до 50 години.
Жените се поподложени на развој на инфекцијата,10 пати повеќе од мажите, а причина за ова се анатомските предиспозиции. Жените имаат покуси мочни канали и помало растојание од мочниот отвор до анусот.

Инфекцијата започнува ненадејно, со зачестено и болно уринирање, проследено со пецкање. Анализата на урината може да покаже покачени леукоцити и присуство на еритроцити. Се прави уринокултура за да се одреди најефикасна антибиотска терапија.
Во повеќе од 90% од случаите на циститис , причинител е бактеријата ешерихија коли ,која природно живее во цревата и е дел од нормалната цревна флора. Поради близината на мочниот отвор и дебелото црево, оваа бактерија лесно стигнува до бабулето. Одредени фактори можат да придонесат за појава на воспалението, на пример, синтетичката долна облека, тесните панталони, долгите бањања во када, како и неправилното бришање при одење во тоалет (од анусот кон вагината). Ризикот од воспаление го зголемува и стресот, болестите што го ослабнуваат имунитетот и недостигот на естроген кај жените во менопауза. Причина за инфекција може да биде и половиот однос. Се препорачува веднаш по односот празнење на мочното бабуле.
Кај циститисот може да дојде до појава на крв при крајот на уринирањето. Покачена температура , болки во грбот или во слабината може да укажуваат на проширување на инафекцијата и на бубрезите.

СИМПТОМИ

-зачестено уринирање

-пецкање и болка

-промена на бојата на урината

-повремена појава на крв во урината

-непријатен мирис на урината

-чуство на притисок во карлицата

-болка во долниот дел на грбот

-умор и температура

-треска

Advertisement