Банани против мамурлак

00032813

Британски доктор откри ефективен лек против мамурлукот. Д- р Роб Хикс тврди дека внесувањето на банани може да нè спаси од страдањето што ни го предизвикува злоупотребата на алкохол од претходната вечер .

Утрото, по тешка вечер човек страда не само од дехидрација , туку и од ниско ниво на шеќер во крвта . Тоа е така , бидејќи црниот дроб е зафатен со обработката на алкохолот и не пушта во крвта вообичаеното количество гликоза. И овој проблем може да се реши најдобро со помош на банани.

Зошто сепак не може да се постигне истиот ефект со помош на слатки производи ? Д- р Роб Хикс објаснува дека храната со висок гликемиски индекс го зголемуваат крвниот шеќер премногу брзо и состојбата на човекот  кој страда од мамурлак  се влошува.

А една банана гарантира непречено подигање на нивото на шеќерот во крвта до удобно ниво и во исто време ги смирува раздразнети црева, потврди МИА .

Advertisement