Содржат повеќе витамин Ц од ЛИМОНОТ, а идеални се и за белите дробови: Направете чај или сок од ДУЊИ (РЕЦЕПТ)

Дуњата се смета за едно од најздравите овошја во светот. Дуњата содржи изобилство на витамини, а во народната медицина се користи со децении. Примарно се користи за ублажување на кашлицата и за смирување на стомачни тегоби.

Благодарение на танинот и слузот, дуњата делува благотворно на работата на цревата и спречува заразни болести. Пектинот влијае на кардиоваскуларниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и обезбедува заштита од радиоактивно зрачење.

Самиот плод е здрав, но и семките и листовите
Дуњата може да се јаде и свежа, но не е пријатна за секого бидејќи е груба, па пожелно е од неа да се прават сокови, компоти и сирупи кои се подеднакво ефикасни за отстранување на многу здравствени проблеми.

Плодот на дуњата е богат со многу витамини и минерали. Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе отколку што може да се најде во лимонот, потоа витамините Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Чај од дуња
Најефективен дел од дуњата се семките од кои се прави чајот, бидејќи кога стојат во вода, семките ослободуваат слуз кој ги решава проблемите со кашлицата и го чисти респираторниот систем.

Покрај тоа, тие содржат големи количини на амигдалин, или витамин Б17, а богати се со масти, танини, пектин, шеќери, емулзин и протиди. За подготовка на чај од дуња потребно е семките од дуњата да се прелеат со врела вода, да се остават да отстојат неколку минути и потоа да се испие чајот.

Сок од дуња
Сокот од дуња помага при кашлица, астма и дијареа, додека за анемични лица се препорачува печена или варена дуња, но и за лекување на воспаление на слузницата на желудникот и цревата. Може да помогне и при обилна менструација.

За да го подготвите сокот од ова овошје, прво измијте и ситно изрендајте килограм дуњи, а потоа процедете ги низ газа. Сокот испијте го веднаш бидејќи брзо се оксидира, а најдобро е да го пиете пред јадење.

Advertisement