Прочистете го организмот, ослободете се од токсините, вишокот вода и подуеноста.

Исто така овој природен лек ќе ви помогне да се ослободите од уринарните проблеми, како и болестите на бубрезите.

Потребни состојки:

  • Китка магдонос
  • 1 литар вода

Магдоносот е моќен диуретик и детоксификатор, освен тоа, тој во оваа количина содржи сто проценти од дневните потреби за витаминот А, огромно количество витамин Ц, ​витамин К, калциум и железо! Иако се работи за само 2 состојки, многу важна во овој рецепт е подготовката!

Постапка: Многу е важно да не дозволите водата да ви зоврие. Тргнете ја водата од оганот пред да зоврие и прелијте го магдоносот. Оставете да се олади и пијте по неколку голтки од чајот во текот на целиот ден.

Постапката повторувајте ја три дена, секој ден со свежо припремен чај. Ефектите ќе ги приметите после првиот ден.

Извор: nmd.mk