Терапијата со јака светлина, помага човек не само да се справи со сезонската депресија, но е и од голема корист за пациентите кои страдаат од сериозни ментални нарушувања, тврдат американските научници.
Научниците од Универзитетот во Питсбург, Пенсилванија првично докажаа дека најакото светло, помага во борбата со зимската депресија, а нивните последни истражувања покажаа и дека таква терапија е ефикасна и при лекувањето на пациенти кои страдаат од сериозни ментални нарушувања.
Истражувањата објавени во медицинското списание Bipolar Disordеrs, покажуваат дека најаката светлина може да лекува биполарно афективно растројство, кое пред се, се нарекува манично-депресивна психоза. Поповолна е “светлинската терапија” во дневните часови. За постигнување на најдобри резултати, должината на овие постапки треба да биде околу 15 минути дневно, велат научниците.
На луѓето кои страдаат од лесна форма – на сезонска депресија во текот на зимата, специјалистите препорачуваат кога се има можност, секогаш да се прават прошетки во текот на денот, како и да не се стои на темно по зајдисонце.