Денес, на интернет можете да најдете безброј текстови на оваа тема. Некои од нив ќе бидат веродостојни, но много повеќе сосема погрешни, лаички и најлошото, манипулаторски. Околу самите состојки за изработка нема многу мистерија, но знаењето да се направат е многу повеќе отколку просто спојување на состојки. Значи, за сапонификација, хемиски процес, со кој настанува сапун, ви требаат 3 состојки: масла, сода (NaOH) и вода. Овие состојки се неопходни, исфрлете една и – немате сапун!

Содата е силна база, корозивна и опасна материја, која захтева посебни мерки на безбедност, кога се ракува со неа. Содата се произведува индустриски, значи таа не е природна компонента во сапунот. Некогаш одамна, кога сапунот се добивал со пепел и дождовница, се создавала природна база, која во реакција со мрснотии давала природен сапун. Денес, никој не користи ваков метод, а и фала богу што е така.

Со оглед на тоа дека содата не е природна состојка, може да се каже и тоа дека ниту еден сапун не може да биде сосема природен. Овде придавката“природен“ се користи повеќе во смисла дека сапонификацијата, како (природна) хемиска реакција, се одвива со природни масла и вода. Но, тука е уште една причина, а тоа е, да се со термин ’природен’ направи јасна разлика помеѓу овие и сите други сапуни, првенствено индустриски, кои, всушност се детергенти. Значи, поентата е да поприроден сапун нема од овој, кој го објаснуваме.

16415_647783558677727_6808899431124245234_n

 

САПОНИФИКАЦИЈА

Содата се раствора во вода, потоа се тој раствор  се додава во масла и со мешање, отпочнува процес на сапонификација. Во самиот процес, содата, која е силна база, регира со масните киселини од масла и призвод на таа реакција се сапунот, глицеролот и водата! Од хемија од основно училиште се знае дека базата, во реакција со киселина дава- сол. Така, сапун, по својот хемиски состав, всушнот е СОЛ. Во неговиот финален состав, нема сода! Нема ни масла!

Освен слободните масла, кои намерно се оставаат да не реагираат со сода, бидејќи тие се негувачки фактор во секој сапун, во сапунот имаме токму тоа- сапун (сапонифицирани масла), глицерол и вода. Водата испарува од сапунот со тек на време, глицеринот останува како извонреден хумектант во сапунот. Всушност,крајниот состав на сапунот е она што му дава вистински квалитет, и прави разлика помеѓу нив и индустриски сапуни.

Од индустриските  сапуни, глицеролот (тоа е глицерин) се вади од сапуните и тој потоа се продава на козметичката и фармацевтската индустрија. Зошто го вадат? Првин, како што рековме, затоа што го продават, а потоа и поради самата природа на глицеринот. Тој е хумектант, што значи дека привлекува вода, а со тоа ја чува хидратација во нашата кожа. Меѓутоа, што се случува со глицеролот во сапунот?

Тој и во сапунот ја привлекува водата. А со тоа, сапунот станува помек и пократко трае. Со вадење на глицеролот од сапунот, рокот на сапунот се продолжува, но со тоа се губи и важна карактеристика и својство на природните сапуни- да освен што мијат, тие ја и негуваат кожата. Купените сапуни ја сушат кожата и затоа и инсистираме нашите сапуни да бидат ставени на сува подлога, која овозможува сапунот да се исцеди до наредната употреба.

2

САПУН БЕЗ СОДА?

На интернет се појавуваат секој ден некои ’нови методи ’ за правење сапуни. Некои се рекламираат како ’сапун без сода’! Сапун без сода не може да се направи и тоа е единствената вистина. Сапун се затоа и вика така, поради сапонификација низ која морал да помине. Инаку, ако нема сапонификација, зборуваме за детергенти.

Можете вие да претопувате  купен сапун и додавате што сакате (со ова постапка, никогаш не додавајте млеко или други кварливи состојки), и во тој случај, точно е само тоа дека лично вие не ја користите содата. Но, некој пред вас ја користел за да добие сапун, кој вие ќе го претопувате.

Од друга страна, постојат и синтетички детерѓенти за миење, посебно за лице, тнр. СИНДЕТ-и (SynDet = Syntetic Detergent),  кои синтетички детергенти, како и самото име ви кажува, немаат ништо природно. Содржат сурфактанти, адитиви за цврстина, за омекнување на водата, конзерванси, бои (и бело е боја) и мириси. Немаат природни масла како полезна суровина. Некои луѓе ги сакаат синдетите, многумина не. И тие ја сушат кожата, иако се правени со помалку агресивни сурфактанти отколку купки и гелови за бањање.

3

КАКО ДА ГО ПРЕПОЗНАМ ПРИРОДЕН САПУН?

Тоа е лесна задача. Пгледнете ја декларацијата и побарајте ги овие имиња: Sodium Cocoate, Sodium Olivate, Sodium Palmate, Sodium Almondate….. Сите овие се имиња на сапонифицирани масла- кокосово, маслиново, палмино, бадемово… Првиот збор означува потекло на сол, т.е  која база како реагирала со масни киселини, а вториот збор покажува кое масло било во прашање. Освен маслата, во природен сапун можете да најдете кујнска сол, шеќер, етерични масла, бои.

Во природен сапун нема ЕДТА, ДЕА, ТЕА, СЛС, конзерваси (овие се состојки за некоја нова тема). Адитиви како парфеми и бои можат да бидат, иако синтетички, многу почисти и поклвалитетни од природните, првенствено поради контолирани лабораториски услови и тестови низ кои поминуваат.(Сите бои и мириси кои ги користи ‘Diva Soap’ се со ЕУ потекло и хипоалергени).

Многу често ќе најдете сапуни, кои само се нарекуваат “природни“ , но всушност тоа не се. Овде се работи за сапуни кои содржат детергенти, и кои навистина се прават рачно. Тие се изработуваат од сапунска база, индустриски направена мешавина на сурфактанти,  која потоа може да се претопува, додава некое масло во неа и да се излива во модли.

Така сте, наводно добиле рачно изработен сапун. Точно е дека сте го направиле рачно, но тој сапун е далеко од природен. Овие сапуни, кои се викаат и глицерински, исто така содржаат иритирачки агенси, како и обичните индустриски сапуни. Да се разбереме, глицеринскиот сапун може да се произведе и на сосема природен начин, со маслата, како полезни суровини, но тоа најчесто не е случај на домашниот пазар.

4

ШТО ГО ПРАВИ КВАЛИТЕТ НА САПУНОТ?

Секако, тоа се масла користени за неговата изработка. Секое масло кое се користи му дава свој придонес на крајниот квалитет. Во принцип, со квалитетни, негувачки масла ќе добиете таков и сапун. Секое масло има одреден процент на несапонифицирачки елементи. Тоа се оние негови компоненти кои ја поминуваат сапонификацијата, без да се хемиски променат.

Такви масла даваат висок квалитет на сапуните, бидејќи остануваат во него и ја негуваат вашата кожа. Тоа е и причина зошто во сите наши сапуни постои некое од маслата со поголем процент на несапонифицирачки елементи. Тоа се воглавно, путери, воскови, ланолин, но и течна масла, како авокадово или маслиново. Што побогат состав- тоа подобар сапун!

5

ЗОШТО Е ВАЖЕН ПРИРОДЕН САПУН?

Па, на некого и не е. Некои луѓе дури не ни размислуваат за нив. Најголем број на потрошувачи ми доаѓаат со захтев за сапун за сува кожа. Тие не се ни свесни дека, во најголем процент, нивната кожа не е сува, туку исушена. Исушена токму од средства што тие ги користат за бањање. Веќе се навикнати на волшебен круг на конзумирачко друштво во сфера на лична хигиена,  кои оди некако вака:

  1. Сапунот/купка – ја суши кожата со иритирачки пенливи и парабени- се бањаме, имаме богата пена, мирисаме….
  2. Лосион за тело- после бањањето ни треба некој лосион за исушена кожа. Се мачкаме со лосион, полн со минерални масла (нафтен дериват), кои не ве штетат, но не ве ни негуваат. Со нив правиме бариера на кожата, и таа привремено изгледа меко и нахрането.
  3. Но, бидејќи, минералните масла не негуваат и не ја хранат кожата, таа пак се суши. Минералните масла само прават бариера од кожата до надворешната средина. Тоа значи дека, дури и да имате некоја активна супстанца, или природно масло во него, она не доаѓа до кожата, бидејќи минералното масло, тоа не го дозволува. Следниот чекор е пак новото бањање.

…..И така во круг…

Тука природните средства за бањање и нега се докужуваат како вистинска потреба и бенефит. Во природните сапуни имате се што ви е потребно за чиста и нежна кожа, а во природната  козметика, вистински, природни масла, наместо минерални, кои ја негуваат вашата кожа, која “диши“ и ги прима хранливите компоненти од маслата.

Разликата се приметува веднаш, а со постојано користење се добиваат и трајни ефекти. Кожата памти, и тоа на долго време, сето што правите денес, ќе има ефект утре. Се надевам дека ви се допадна текстот за природните сапуни и да ја барем малце демистифициравме работата околу нивните состојки и крајниот состав.

*Сите фотографии, користени во статијата се власништво на ‘Diva Soap’, освен ако не е поинако назначено.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

loading...
Сподели