Жената случајно дошла до овој рецепт и никогаш не се покајала што го испробала.

Најчестите посети на доктор се поради настинка и кашлица. Една жена случајно дошла до рецепт за имунитет и одлучила да го проба. Оттогаш поминале 40 години и таа повеќе немала потреба да оди на доктор!

Станува збор за природен лек против настинка кој ќе ви помогне да го смирите вашето грло, а потоа и да го излекувате.

Ова брзо и едноставно решение кое ќе ве ослободи од главоболките и кашлицата е многу лесно за подготовка, а исто така е и многу вкусно.

Сите состојки кои ви се потребни се лесно достапни – шеќер, вода, лимон, мед, ѓумбир, каранфилче и шеќер во прав.

Подготовка: Полна шолја со шеќер и една шолја со вода ставете ги во сад. Додадете сок од половина лимон и лажица мед, ѓумбир и исечкано каранфилче. Ставете го садот на шпорет и мешајте додека не зоврие, а потоа намалете ја температурата и така мешајте 15-20 минути.

Смесата треба да биде густа и темна како сируп. Кога малку ќе се олади, ставете хартија за печење на сад за печење, а потоа со лажица направете бонбони од подготвената смеса.

После 20 минути, кога ќе се оладат, ставете шеќер во прав врз нив. Тоа ќе помогне да не се лепат една за друга.

Сега ги имате своите природни бонбони кои многу помагаат во сезоната на настинки. Можете да ги ставите во шолја со врела вода, да оставите да се истопат, да промешате и да ја испиете течноста.

Сподели