Патолошката лажливост

lazeПатолошката лажливост е такво квалитативно растројство на помнењето кога болниот, под дејство на сопствената фантазија, измислува одредени случки, односно својата фантазија ја прикажува како сеќавање.

Измислените лаги, односно сето она кое што ќе го каже патолошкиот лажливец  е секојпат во склад со неговите желби кои најчесто се неостварени. Ова растројство може да се појави и кај деца, кај оние кои се обдарени со многу жива фантазија.

Овие лица најчесто немаат мерка до каде одат нивните лаги, па често ни самите не знаат што од сето тоа е вистина,а што не е.

Advertisement