Лошиот здив-нашиот непријател

loszdiv
Лошиот здив секогаш е посочуван како еден од најнепријатните и најодбивните проблеми. Тој предизвикува срам, вознемиреност и дискомфор при воспоставување на блиски контакти. За жал, лошиот здив е многу чест проблем со кој сите се имаат соочено во одреден период од животот.

Најчеста причина за лош здив е храната што се јаде. Лук, кромид, некои видови на риба, и диети богати со масти и месо сите може да резултираат со халитоза. Кога оваа храна се вари, испарливите супстанции или хемикалии се апсорбираат во крвотокот од каде доаѓаат до белите дробови каде што тие се издишуваат преку вашиот здив.Исто така недостаток на храна, глад, пост и нискокалорична диета,може да предизвика “лош здив.”
Во текот на спиењето протокот на плунка е намален и настанува распаѓање на остатоците од храна во устата при што предизвикува лош здив во утринските часови.

Еве неколку совети за да се ослободите од лош здив:

– миење на забите 3 пати на ден и чистење со конец еднаш дневно
– да се спречи гладот ​​со редовно јадење и прескокнување на оброци
– обратете се кај вашиот стоматолог да ви даде совети за одржување правилна нега на вашите непца и заби
– чувајте го вашиот нос и синуси чисти
– стимулирајте плунка во текот на денот со кисели плодови како што се портокали лимони и јаболка
– јадете повеќе влакнеста храна.
– џвакање влакнест зеленчук како што е магдонос да се стимулира проток на плунка
– пијте барем 8 чаши вода дневно за да ја одржите устата влажна –
– намалено конзумирање на алкохол и кафе

Advertisement