Кардиолог открива диета со која за 2 седмици ќе ослабнете до 10 килограми: Овој режим на исхрана ги чисти и крвните садови

Овој режим на исхрана го креирал познатиот кардиолог д-р Херман Тарновер.

Со дебелината доаѓаат поголем дел од болестите. Голема е веројатноста дека помлади ќе се соочите со срцеви тегоби, дијабетес или пак срцев или мозочен удар, доколку сте гојазни. За да бидете здрави, потребно ви е да ја одржите нормалната телесна тежина.

Исфрлете ги од употреба неприродните газирани сокови и останатите такви пијалаци, но и нездравата храна. Намалете го внесувањето на соли и масти. Немојте да им верувате на рекламите и на тоа дека ќе ослабнете доколку ништо не правите туку само користите препарати за слабеење.

За да ослабнете исто така треба да вежбате и да се храните здраво. Овој режим на исхрана го креирал кардиологот Херман Тарновер. Тој подразбира да не го прескокнувате појадокот, а за вечера да јадете житарки.

Појадок:
– 1 парче протеински леб;
– Половина грејпфрут;
– 1 шолја црно кафе или чај.

Ручек:
– Варено јајце;
– 1 тост;
– 1 чаша јогурт;
– Имајте 2 ужини, консумирајте еден портокал или јаболко, а може и банана.

Вечера:
– Варен зеленчук;
– 1 тост.

Овој режим на исхрана трае 2 седмици, но и после режимот треба да се храните здраво. Јадете редовно, само намалете ги оброците и исфрлете ја нездравата храна од употреба.

Advertisement