Како да подготвите свежи салати од овошје?

ovosni salatiСалатите од разно овошје се вистинско освежување за сите. Тие редовно можат да се најдат на трпезите и заземаат значајно место во редовната исхрана на луѓето.

Салата од јаболка
Половина килограм исчистени и на тркалца исечени јаболка се прелеваат со 200 грама шеќер, се додава сок од еден лимон и коричка од половина лимон. На сето тоа се додава 50 грама исечкани ореви и 1 децилитар бело вино. Целата смеа убаво се промешува и се остава да отстои два часа.

Салата од портокали
Половина килограм излупени и на коцки исечени портокали се посипуваат со половина литар мараскин или прошек, потоа ситно се ренда кора од еден портокал се додава сок од еден лимон и сето тоа се посипува со 200 грама ситен шеќер. Се остава да отстои еден час.

Салата од рибизли
Се земаат неколку бели, црвени или нешто помалку црни рибизли, потоа неколку цреши без семки и црвени јагоди. Сето тоа заедно се зашеќерува и полека се меша. Се остава на студено место да одстои неколку часа. Во меѓувреме, садот со салатата повеќе пати го стресуваме, за овошјето да се измеша и еднакво да се зашеќери. Со оваа салата се сервира млеко и слатки.

Advertisement