Ако го сакате мирисот на чиста облека извадена од машина за перење, можеби ќе бидете шокирани од сознанието дека цената на тој мирис е многу висока.
Повеќето комерцијални омекнувачи содржат многу токсични материи, кои се многу штетни за здравјето на човекот. А, и цената на самите омекнувачи е доста висока, па ние ќе ви предложиме да си направите омекнувач во домашни услови, многу поефтин и поздрав за користење од синтетичкиот.
За да го направите дома, ќе ви бидат потребни:
- ½ литар вода со
- една кафена лажичка оцет и
- 250 грама сода бикарбона.
Откако содата ќе ја растворите во течноста, додадете 5 капки етерично масло од здравец и 5 капки етерично масло од лаванда или некое друго масло по желба.
Измешајте добро, па префрлете ја течноста во старо шише од омекнувач.
Пред да почнете со перење , додадете 60 мл омекнувач во преградата на машината како и обично.
Ќе почувствувате дека алиштата после перење мирисаат убаво и се меки на допир.