Еукалиптусот, лек за дишните органи

eukaliptus10

Еукалиптусот е зимзелено дрво.Тоа е растение кое води потекло  од Австралија и Тазманија, расте многу брзо и достига висина до 80 метри.Листовите на еукалиптусот се сплескани и широки, а неговите рабови секогаш завземаат правец север-југ, со што лисјата се штитат од претерано испарување на високите температури. Плодот на еукалиптусот е во облик на купче со капак.

Се користат исушени листови од дрвја стари над 3 години и се прави етерско масло од нив. Лисјата може да се собираат во секое време, бидејќи билката е зимзелена, но за лековити се сметаат само оние собрани лисја, кога цветаат дрвата. Собраните листови се тврди, дебели и кожести со копјестојајцест изглед и свиткани во вид на срп. Имаат специфичен мирис, а вкус ароматичен, скомињав и горчлив.

Етерското масло се добива со дестилација со водена пареа на сувите листови и цветни пупки. Чај од билката се дава против бронхит, бронхијална астма, ларингит, фарингит и др. Чајот се препорачува и кај катарални заболувања на уринарните органи, бидејки дејствува антисептично и антифламатарно.

Advertisement