Како годините поминуваат, така појавата на брчки е неизбежна за секоја жена. Уште во првиот момент, со нивното појавување, веќе почнува потргата и борбата по разни кремови, масти, методи и козметички третмани, за спас од брчките.

Но, понекогаш, дури и најскапите креми не ви гарантираат, целосно ослободување од овие козметички недостатоци и давање на задоволителни резултати. Ако имате време и желба може да си подготвите домашна крема, која ќе ви помогне да се спасите од брчките. 

Оваа домашна крема е идеална алатка за нега на кожата: хидратација, мазен тен, намалување на видливите брчки и секако, го забавува процесот на стареење. Нејзината предност се природните состојки и безбедноста. Погодна е за сите типови на кожа. Резултатите се видливи најмалку за седум дена.

РЕЦЕПТ:

  • една жолчка од јајце
  • две лажици бадемово масло (може и маслиново)
  • половина лажичка мед
  • две мали лажички медицински вазелин

Вазелинот се топи на пареа, а за тоа се потребни околу пет минути. Потоа се поместува од шпоретот и во него се додаваат жолчката, бадемовото масло и мед. Сите состојки убаво се мешаат, се додека не се добие хомогена смеса.

Кога ќе почне да се користи, со масирање се нанесува на чиста кожа, два часа пред спиење. После триесет минути, со вата натопена во кисела вода или влажни марамици се вади од лицето.

Advertisement