Белиот бор- најдобар чистач на белите дробови

Еднодомно дрво со височина од 30 метри и дијаметар 1 метар. Тоа е познатиот бел бор. Тој е исклучително витален вид на дрво, со голема способност за размножување. Цвета во април – мај. Шишарките созреваат за две години.  Се размножува со семе.

Доста е распространет, се среќава во Европа, северна Азија, Кавказ. Кај нас е најраспространето на  планините Голак и Влаина.

Во медицината се користат: младите пупки, иглиците или листовите и смолата. Пупките се берат од февруари до април кога се големи од 3 до 5 цм. Сушењето е на обична температура, а можат да се сушат и во сушари на температура до 40 степени.

 Лековити својства

Белиот бор е многу ефиксен лек за лекување на градни болести. Делува силно противвоспалително и го олеснува кашлањето. Поседува антимикробно дејство, како и антисептички својства.

Се користи кај болни од бронхит, туберкулоза, кај пациенти болни од бронхијална астма, како и при воспаление на грлото. Белиот бор делува и деуретично, го зголемува мокрењето, а ефектот се должи на етерното масло.

Боровата смола се употребува надворешно, како средство за премачкување на местата каде има појава на ревматизам, ишијас и невралгија.

Се користи , исто така за кожни болести ( шуга, егземи, псоријаза), како и за лекување на рани. Сите делови од белиот бор кои содржат етерично масло и смола, се користат како средство за инхалација, дезодоризација и озонизација.

Лекови

Од борот може да се направат многу лекови во домашни услови за лекување на ревматските и кожните болести. Од него се прави и познатиот бороов мед.

100 г пупки од бор се ставаат во 500 г врела вода, ова стои 1-2 часа и умерено се загрева. Кога ќе се згусне, се цеди и се маша со 1 кг мед.

Се зема 4 пати дневно по една кафеана лажица. Овој лек е еден од најдобрите за лекување на градни болести.

Advertisement