Камилицата, синоним за чај во нашиот регион

kamilica11Камилицата на нашиот регион е синоним за чај. Ако погледнете кои се лековити својства ги има оваа блика, не е ни чудно што е така.
Во прашање е едногодишна, мала, тревна билка. Расте до височина од само 10 до 30 cm, ретко и половина метар. Препознатлива е по своите бело-жолти цветови и по уникатниот, нежен и пријатен мирис. Таа расте по полиња и покрај патиштата, а можете да ја видите речиси на сите ливади.

Оваа лековита билка го подобрува варењето на храната, ја намалува големата температура, ја ублажува болката, ги смирува грчевите, со смирува осипот, ги смирува изгорениците, конјунктивитисот, дерматитисот, ја олеснува депресијата, ја намалува раздразливоста, ја ослеснува мигрената и тешкотиите на климаксот, лекува акни, дава чувство на внатрешна рамнотежа.

Таа е и многу добар лек за смирување. Редовно пијте го чајот и ке ја почувствувате разликата. За возрасните чајот се подготвува така што врз лажицата со камилица истурате 2 dl зовриена вода и се остава почриено 15 минути. Доколку сакате појак чај, процедете го после еден час.

Ако имате проблеми со кожата или едноставно сакате нежна и негувана кожа, доволно е еднаш неделно да се измиете со чај од камилица.

Кај проблемот со опаѓање на косата, за миење користете чај од камилица. Подгответе го така што четири лажици од растението ги прелевате со еден литар врела вода, по десет минути процедете и почекајте да се излади до онаа температура која вам ви одговара.

Камилицата се користи и за помош кај менструалните проблеми. Боловите можете да ги намалите со облоги. Нив ги подготвувате тако што голема лажица со камилица ја прелеавте со ¼ и врело млеко, процедувате и топлите облоги ги ставате на стомакот. Боловите ке исчезнат многу брзо.

Екстрактот од масло на камилица се употребува во козметиката како најважна состојка за подготовка на високо квалитетни производи за нега на кожата.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ