Американската психијатриска асоцијација ( АПА ) официјално го потврди она што многу луѓе досега само претпоставуваа – т.н. selfies се манифестација на ментално растројство .

Ова тврдење беше предмет на дебата за време на годишната средба на здружението во Чикаго . Новата ” болест ” се нарекува selfitis и се дефинира како една од сортите на опсесивно-компулсивно нарушување , пишува In Life .

Во овој случај тоа се сведува на ненадминлива желба да се прават сопствени фотографии , кои потоа ќе бидат објавени на социјалните мрежи.

Според американските психијатри, тоа е начин да се компензира недостигот на самодоверба и стремеж, и да се пополни една своевидна празнина што произлегува од недостатокот на интимност.

АПА одредува три степени на болеста: гранична – преземање на слики, најмалку три пати дневно, но без да се објавуваат никаде. Акутна – вадење на фотографии, најмалку три пати дневно, но со објавување на секоја од нив. Хронична – опсесивна желба да се прават такви фотографии и нивното објавување повеќе од шест пати дневно. Добрата вест е само една – државните специјалисти тврдат, дека новата болест се лекува успешно преку когнитивно-бихејвиорална терапија.

Advertisement