Непријатна миризба, дебелеење: Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини

Отровите, односно токсичните материи се насекаде околу нас. Било тоа да е во воздухот што секојдневно го вдишуваме, водата што ја пиеме или храната што ја консумираме.

Во прилог прочитајте  кои 10 знаци се индикатор за постоење на отрови во нашето тело и како да ги отстраниме успешно.

1. Страдаме од констипација

Кога јадеме храна, истовремено ненамерно консумираме и многу хемикалии кои доаѓаат со неа, како што се различните конзерванси, вештачки бои и ароми. Системот за варење, покрај другото, мора да се соочи и со дигестијата на овие токсини, а ваквите отрови резултираат со вознемирен стомак и неговата констипација.

Јадењето органска храна, ограничувањето на внесот на алкохол и пиењето многу вода може да го реши овој проблем.

2. Се соочуваме со “магливост на мозокот”

Ако чувствуваме вртоглавица, збунетост и не може да се сконцентрираме во утринските часови ни по долгиот сон, овие знаци укажуваат дека во нашето тело има отрови. Овие токсични материи предизвикуваат серија реакции кои на еден начин ги сушат потребните витамини и минерали кои му се потребни на нашето тело да функционира правилно.

3. Деодорантите не ни помагаат против непријатниот мирис

И после добриот туш и нанесувањето квалитетен деодорант, ако сеуште чувствуваме дека лошо мирисаме, тоа е знак дека нашето тело е полно со отрови. Отровите можат да направат да мирисаме непријатно, бидејќи при нивното варење, создаваат гасови и мириси, кои нашите пори ги користат како транспортни канали и така доаѓаат до површината на телото, предизвикувајќи го неговиот лош мирис.

4. Болката во зглобовите и мускулите нè исцрпува

И кога не се оптеретуваме со тешка и напорна физичка работа или вежбање, а се уште чувствуваме болки во мускулите и зглобовите, тоа може да биде индикатор дека во нашето тело постојат токсични материи. Доколку не станува збор за воспаление, за отстранување на отровите треба да му направиме детоксикација на нашето тело со природни пијалоци.

5. Се појавуваат нови дамки на нашата кожа

Кожата е нашиот најголем орган и таа од сите други органи, е најчесто изложена на разни загадувачки фактори од околината. Истовремено, производите што ги користиме како шампоните, сапуните, лосионите, сите тие содржат разни хемикалии, а изложеноста на кожата на вакви отрови резултира со појава на акни, осипи, егзема и слично.

6. Заспивањето станува невозможна мисија

Насобраните отрови во нашето тело не прават да се чувствуваме постојано исцрпени и притоа го расипуваат нашиот сон. Високото количество на отрови во нашето тело доведува до нарушување на рамнотежата на хормонот кортизол, а тоа негативно влијае врз нашиот сон.

7. Килограмите се наталожуваат

Ако и покрај избалансираната исхрана и редовното вежбање, нашата тежина од нагоре, тогаш можеби нешто не е во ред со нашите хормони. А за тоа заслужно е влијанието на токсините во нашето тело, кои доведуваат до хормонски дисбаланс.

Органската исхрана и редовната детоксикација можат да го решат овој проблем.

8. Нашиот здив мириса непријатно

Лошиот здив најчесто е резултат на дигестивни проблеми, а тоа се случува кога нашиот дигестивен систем мора да се бори со варење на внесени отрови или кога црниот дроб се обидува да ги исчисти акумулираните токсини, што воедно е и единствено решение за овој проблем- нивното отстранување.

9. Ноктите на стапалата стануваат кршливи и изгледаат лошо

Гравитацијата ги привлекува токсините, а најпрво страдаат ноктите на нашите стапала. Во текот на денот, стапалата, а со тоа и самите нокти, остануваат затворени на темно, во чорапи или чевли, а тоа е идеален екосистем за размножување на габите.

10. Ја губиме косата побрзо од вообичаено

Губењето на косата на е знак на преоптоварување предизвикано од секојдневните токсични материи. Тоа може да биде резултат на повеќе лоши отрови, како што се арсенот, оловото и талиумот, кои меѓу другото, можат да бидат и смртоносни. Затоа, доколку забележите поекстремно опаѓање на косата, веднаш посетете го вашиот лекар.

Бонус: Како да направиме детоксификација на нашето тело?

Ако во еден или повеќе од погоре напишаните знаци се пронајдеме, односно забележиме дека поседуваме некој или повеќе од нив, решението лежи во детоксификацијата на телото. Еве како да ја направиме истата:

  • Да пиеме повеќе вода
  • Да пиеме чај од глуварче зачинет со магдонос
  • Да практикуваме јога
  • Да ги миеме забите веднаш по вечерниот оброк
  • Да јадеме чиста органска храна
  • Да додадеме пробиотици во нашата исхрана
  • Да користиме козметички производи на природна база

Извор: Nane.mk