Само измешајте ги овие состојки и нанесете ги еднаш неделно на лицето! (РЕЦЕПТ)

Оваа маска се прави брзо и лесно, а доколку се користи редовно, може да го изедначи тенот. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој има корисен ефект врз кожата на лицето, поради што можете да го видите во многу анти-ејџ козметички производи.

Користењето на витамин Ц во корист на убавината може да ги намали знаците на стареење, да го намали ризикот од појава на црни и старечки дамки, да ја обнови кожата на лицето по сончањето и да го намали појавувањето на акни.

Како да се користи витамин Ц за нега на кожата на лицето на природен начин?Едноставно е – направете органски прав од кора од портокал и маска што содржи витамин Ц.

Излупете портокали од органско потекло и исушете ја кората на сонце. По два дена, смелете ја исушената кора од портокал и направете прашок од неа. Со добиениот прав направете ја следната маска:

Состојки:

  • 1 лажичка прав од портокал
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка јогурт или урда
  • прстофат куркума
  • малку вода

Подготовка: Добро измешајте и соединете ги сите состојки, па нанесете ги на лицето и држете ги околу 15 минути. Потоа измијте го лицето со ладна вода.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ