Поучна приказна: Угледен професор решава проблем во сон!

sonotДоктор Хелпрет, угледен професор по асирски јазик и цивилизација на Универзитетот во Пенсилванија, вака го опишува своето искуство.

Една сабота, навечер , бескрајно се исцрпував во залудни обиди да го одгатнам значењето на две малечки украсни камења, кои , според една претпоставка, некогаш биле вградени во прстените што му припаѓале на некое вавилонско семејство.

Некаде околу полноќ , наоѓајќи се на крајот од силите, отидов во кревет и сонив чуден сон: висок, исцибрен свештеник од Нипур, на возраст од околу четириесет години, ме зема за рака и ме воведува во ризницата на храмот, мала просторија, со ниско таванче , без прозорци, со множество скапоцени камења, ахат и лапис, расфрлани по подот. Потоа ми вели:„ Две парчиња од ахат чии фотографии ги имаш објавено одвоено, на 22 и на 26 страница од својата книга, што би требало да стојат заедно, не биле вградени во прстените , туку во наушниците наменети за скулптурата на божеството. Ако ги ставиш едно покрај друго, ќе сфатиш дека сум во право. Се пробудив во истиот миг. Ги испитав двете камени парчиња, и на свое огромно вчудовидување, утврдив дека сонот одговара на вистината………….. проблемот конечно беше решен“.

Опишаната случка е поучна илустрација на творечките сили на потсвеста која има одговор на секое прашање.

Извадок од книгата „ Моќта на потсвеста“

 

Advertisement