Поучна приказна: Факти што треба да бидат запаметени

potsvest (2)1. Да успееш, значи да живееш успешно.Човекот е успешен кога води спокоен, среќен и со радост исполнет живот, и притоа се занимава со работа што ја сака.

2. Утврдете што ви се допаѓа да работите и потоа почнете со тоа да се занимавате. Доколку не сте сигурни што е вашиот вистински израз, побарајте совет, патоводна идеја- одговорот сигурно ќе дојде.

3. Специјализирајте се за одредена дејност и обидете се во тие рамки да знаете повеќе од другите.

4. Успешниот човек не е себичен. Неговата најголема животна желба е да му служи на човештвото.

5. Нема вистински успех без спокој во душата.

6.Успешниот човек има огромно психолошко и духовно разбирање.

7. Ако јасно ја замислите својата цел, чудотворната потсвест ќе ви обезбеди се што ви е потребно таа цел и да ја остварите.

8.Мислата слеана со чуство станува субјективно уверување и„ и по вербата ваша нека ви биде“

9. Моќта на фантазијата ги потикнува силата на потсвеста на извршување на замислените престави.

10. Ако сакате да напредувате во работата, замислете го својот работодавец, претпоставениот или брачниот другар како ви честитаат на унапредувањето. Нека сликата биде стварна и жива. Погрижете се да ги чуете гласовите, да ги видите движењата или да ја почуствувате реалноста на замислените настани и личности. Бидете во тоа упорни и ќе ја доживеете радоста на услишената молитва.

Извадок од книгата „Моќта на потсвеста“

Advertisement