Влакнести гради кај жените – знак за болни јајници

Појавата на влакна на аеролата, односно на кругот на кожата околу брадавицата на градата, е сосема нормална. Тоа е само една од површините каде можат да се појават влакна.

Доколку од естетски причини сакате да ги отстраните, најлесно и најбезболно е да користите ножичка или пинцета.Некои жени користат и восок за депилација. Сепак, жените тоа најчесто го прават со пинцета, но во тој случај би можело да дојде до инфекција.

Ако влакната на градите се густи и големи, поради што вашиот граден кош повеќе заличува на машки отколку на женски, веднаш треба да се преземат мерки, бидејќи станува збор за сериозно заболување.

Оваа појава е последица на хормонална нерамнотежа, обично поради големото ниво на тестостерон, или пак последица на полицистичен синдром на јајниците. Во секој случај, доколку влакната се многу густи и изразени, консултирајте се со лекар.

Advertisement