Ушите, нозете, задникот, градите, интимните зони – сето тоа ги возбудува мажите, но ќе бидете изненадени, кога ќе дознаете, кој дел од женското тело е најсекси според мажите.
Неверојатно, но градите не се на прво место. Ако почнеме од назад кон напред, најмногу стимулираат ушите. Тие се одлични за почетокот на љубовната игра, што ги потсетува мажите на убав секс. Следат глуждовите и стапалата, како и задниот дел на коленото. Таму е многу чувствителна област, а мажите се луди за такви зони.
Грбот е на седмото место. Тој ги возбудува мажите, бидејќи во некои ситуации, тие сакаат да го гледаат. По него е стомакот, но не затоа што мора да имате плочки, туку затоа што посилниот пол ја сака мекоста на кожата. Колковите, исто така не е за потценување, тие се навистина привлечни за мажите.
Навлегуваме во најтоплиот дел од рангирањето. На четвртото место се градите. Сосема заслужено на третото место се задните делови, следат усните. Ако очите се огледало на душата, тогаш устата е вратата кон срцето. Но, без разлика какви се на боја или колку се големи, очите се најсексапилниот дел од телото на жената.



























