Лекувањето на хроничната кашлица и бронхитисот отсекогаш било проблематично, па дури и за традиционалната медицина.
Но, постои еден домашен лек кој ги содржи едни од најмоќните состојки кои го смируваат грлото и белите дробови, а може да излекува и кашлица и бронхитис во најкраток рок.
Благодарение на карактеристиките на медот и бананата кои се главни состојки на овој рецепт, препаратот можат да го консумираат не само возрасни, туку и деца. Истовремено ќе го пиете лекот и ќе уживате во неговиот вкус.
Со помош на ова средство ќе се ослободите од болките во грлото, силната кашлица, дури и проблемите со желудникот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 400 мл зовриена вода
- 2 зрели банани
- 2 лажици мед
ПОСТАПКА: Бананата изгмечете ја во пире, ставете ја во тенџере и додадете зовриена вода. Промешајте и оставете ја смесата да отстои 30 минути. Кога смесата ќе излади додадете мед. Важно е медот да се додаде на крај, за да не ги изгуби своите лековити својства.
ДОЗА: Консумирајте по 100 мл од ова средство 4 пати дневно (вкупно 400 мл дневно). Количината во рецептот е доволна за еден ден, па следниот ден потребно е да приготвите свежа доза.
Олеснување ќе почувствувате веќе за рок од три дена.

































