Како да ја спречите кандидата?

При превенција за спречување на инфекција со кандида, важно е да се следат следниве упатства:

  • да се избегнува носење на тесна облека,
  • да се избегнува носење на синтетски долен веш,
  • да се носи памучен долен веш,
  • да нe се носат често танга гаки,
  • да се избегнува носење цел ден најлонски чорапи,
  • да се избегнува постојаното влажење на гениталната регија,
  • да се избегнува носење на влажен костим за капење, да се преслече костимот за капење по излегување од базен или море,
  • редовно да се менува долниот веш,
  • после мочање, жената треба да се избрише од напред према назад, бидејќи во спротивно може да навлезат во вагината бактерии, кои се наоѓаат во пределот на анусот,
  • да се пие јогурт во големи количини за време на лекувањето со антибиотици,
  • да се намали внесот на јагленохидрати со храната и да се избегнува алкохол и кафе,
  • да се избегнуваат парфимирани хигиенски влошки и тампони, парфимирани креми и спрејови, да не се користи обоена и намирисана тоалетна хартија,
  • кога ќе се јави инфекција, пациентката треба да се придржува на лекарските совети и правилно и редовно да ги зема и нанесува лековите.

 

Advertisement