Алое вера од пред новата ера до денес е неопходен дел и од природното заздравување на кожата и како козметички препарат. Ова е потврдено со првите напишани траги од ова чудесно растение пронајдено на плочи од сумерска глина, стари 2100 години.
Алое гелот има антивирусно, антибактериско, антиоксидативно, антиинфламаторно и антиалергиско дејство врз здравјето на луѓето. Се користи во козметиката, во производи за лична хигиена и се повеќе е популарен како додаток во исхраната.
Проблеми кои ги решава алоето:
1. Го забавува стареењето на кожата
Витамините А, Ц и Е го намалуваат и спречуваат создавање на брчки.
2. И ја дава неопходната влажност на кожата
Сувата кожа е често резултат на недостаток на минерали цинк и селен. Користењето алое би ги компензирало овие минерали и ќе спречи сушење на кожата.
3. Лек за мозолчиња
Антивоспалителното дејство ги намалува воспалителните процеси на кожата, а нејзините адстрингентни својства овозможуваат стеснување на порите на лицето и со тоа ја намалуваат веројатноста за појава на мозолчиња.
4. Помага да се отстранат лузните
Алое вера со својот природен омекнувач кој ја стимулира хидратацијата на кожата делува на заздравување на оштетената кожа и го стимулира растот на здрав епител.

























