Зго­ле­ме­но­то по­те­ње во те­кот на ви­со­ки­те тем­пе­ра­ту­ри и фи­зич­ка­та ра­бо­та е нормален про­цес, но ако тоа ви се слу­чу­ва и без да пра­ви­те ништо, то­гаш тре­ба да оди­те на ле­кар.

Истра­жу­ва­ња­та до­ка­жа­ле де­ка ин­тен­зив­но­то по­те­ње чес­то се ја­ву­ва кај лу­ѓе­то што бо­ле­ду­ва­ат од ди­ја­бе­тес тип 2 и зе­ма­ат ин­су­лин. Ме­ѓу­тоа, ек­спер­ти­те ис­так­ну­ва­ат де­ка по­те­ње­то се за­си­лу­ва и ко­га ни­во­то на ше­ќер во крв­та зна­чај­но ќе опад­не (хипог­ли­ке­мија).

Ис­то така, ако пок­рај по­те­ње­то се ја­ву­ва и чув­ство на глад, су­ва ус­та и ср­це­то забр­за­но чука, то­гаш мож­но е да стра­да­те од ни­зок ше­ќер во крвта. Хипогликемијата се од­ра­зу­ва и на спи­е­њето. Ако се бу­ди­те сре­де ноќ по­ра­ди главоболка, из­мо­ре­ни и се­ко­гаш се по­ти­те ко­га ќе се раз­бу­дите, тоа мо­же да е знак на хи­пог­ли­ке­мија.

За­си­ле­но­то по­те­ње мо­же да ука­жу­ва и на дру­ги опас­ни сос­тојби, как­ви што се пробле­ми со нерв­ни­от сис­тем, ср­цев удар, од­ре­де­ни ти­по­ви кар­ци­ном, опас­ни инфек­ции и ан­кси­оз­ност.

Ако чес­то се бу­ди­те мок­ри од пот или за­си­ле­но се по­тите, ду­ри и ко­га не е топло, за­дол­жи­тел­но оде­те на ле­кар и дознај­те да­ли сте из­ло­же­ни на ри­зик од не­кои бо­лести.