ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 450-500 г брашно
- 340-350 мл вода
- 1 квасец
- 1 – 1 ½ лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 50 мл масло (околу 1 – 2 супена лажица, маслиново или обично масло)
ПОСТАПКА:
Ова е вид на леб кој не се меси со рака, а состојките само се мешаат со дрвена лажица и треба да стои покриено во тенџере или шерпа, околу еден час.
Тестото е меко и лепливо, па кога е стасано се префрла на платнена крпа која е наросена со брашно, па со крпата се оформува и се префрла во огноотпорен сад обложен со хартија за печење и одозгора се поросува со брашно.
Треба да има капак. Се остава 10-тина минути да стаса. Се пече на 220 – 200 степени околу 30-45 минути, во зависност како ви пече рерната.
На сред печење може да се премачка со млака вода, доколку сакате да имате крцкава кора. Кога е печено се попрскува со вода и се витка во памучна крпа.