Останете дома за нас, замоли уморниот медицински персонал!




„Ние сме на работа за вас, вие останувате дома за нас“, им пренесуваат американските лекари ореку пораки на своите граѓани, во селфи фотографии што го преплавија интернетот.

Огромното мнозинство луѓе ширум светот, вклучително и во САД, почнаа полека да се навикнуваат на нов начин на живеење во изолација – режим според кој тие се дистанцираат од другите човечки суштества, природата, пријателите.
Сепак, не секој е толку „одговорен“ кога станува збор за останување дома. Сè уште има голем број на оние кои не ја сфаќаат сериозно оваа пандемија, не ги следат упатствата за самоизолација и со тоа директно ги загрозуваат нивните животи и животите на другите. Медицинските професионалци имаат само една порака за нив!

“ОСТАНЕТЕ ДОМА”!




Останете дома и подалеку од другите луѓе! Ако не сакате да го направите тоа за своја корист, направете го тоа заради нашите имунокомпромитирани стари лица, лекарите и медицинските сестри кои буквално го ставаат својот живот во опасност да се грижат за оние што страдаат од овој вирус “.

Сите болници во Америка во моментов се во режим на забрзани подготовки за бран на пациенти заразени со коронарен вирус, а медицинските експерти се надеваат дека Американците ќе дадат се од себе да не го претворат овој бран во цунами, пренесува UpWorth.

























