Промените на кожата може да бидат многу опасни, а некои видови на рак се развиваат исклучително брзо. Еве ги симптомите…

Кога Џилијан Мареј пристигнала кај козметичарот, единствена желба и била малку да се опушти и да ужива во третманот, но останала многу вознемирена. Веднаш закажала преглед, а лекарите откриле два меланоми над десната дојка и карцином на базалните клетки на носот. Тоа беше тешка дијагноза, особено што таа беше на лекар само шест месеци пред тоа.

„Забележав и дамка како модринка над градите“, вели Џилијан. „Меѓутоа, докторот кај кој отидов ми кажа дека нема причина за грижа и дека треба само да намачкам каква било крема.

Џилијан е брзо оперирана, раните се веќе зараснати, но таа се уште се бори со лузната на градите. Преживеала голем страв: „Доколку клетките на ракот од меланом стигнале до крвотокот, ќе беше многу, многу лошо“, вели таа.

Карциномот на базалните клетки останува локализиран и расте бавно, но меланомот се шири исклучително брзо. Двата рак на кожата обично се резултат на изложување на сонце, што е вообичаено во Австралија.

Меланомот се препознава по неговата асиметрична форма – една половина од  бемка или дамка. Затоа не оставајте на случајност и навреме следете ги сомнителните бемки по телото.

Извор: lepaisrecna.mondo.rs