Дали знаете како кокосовото масло влијае на мозокот?

Освен фактот дека кокосовото масло може да се користи за нега на коса и кожа, а кое се покажа дека има корисен ефект врз здравјето на срцето и губење на тежината, кокосовото масло има корисен ефект и врз здравјето на мозокот.

На мозокот му треба маст за да може добро да функционира и да ги зачува интелектуалните и размислувачките вештини. Кокосовото масло е богато со триглицериди со среден ланец – дури 60% од ова масло е триглицериди со среден ланец, кои се брзо достапен извор на квалитетна енергија за нашето тело.

Се смета дека кокосовото масло може да помогне при мигрена, како и со Алцхајмерова и Паркинсонова.

Кокосовото масло, исто така, му обезбедува на мозокот одредена количина кетони за кои се покажало дека помагаат во борбата против воспалителните процеси и оксидацијата на клетките.

Advertisement