Доволно е да јадете минимална количина ореви секој ден – само две јатки, за во голема мера го подобрите вашето здравје.

Од притисок, преку холестерол, до губење на тежината, оваа храна е „лек“ за многу болести. Еве што ќе се случи ако земете само две јатки од орев секој ден …

Ќе спречите воспаление – Воспалението често е предизвикано од оксидативен стрес и игра голема улога во многу болести како што се дијабетес, Алцхајмерова болест и срцеви заболувања. За среќа, полифенолите кои се наоѓаат во оревите можат да помогнат во намалување на ова воспаление и оксидативниот стрес.

Ќе го подобрите вашето здравје на срцето – Оревите се богати со омега-3 есенцијални масни киселини, кои го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат крвниот притисок.

Ќе го намалите нивото на холестерол – Оревите го намалуваат нивото на холестерол, што пак го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Ќе спиете подобро – Обично нашето тело произведува мелатонин, кој испраќа порака до мозокот кога е време да заспиеме. Но, кога му треба дополнителна помош, оревите се тука за да го зголемат нивото на мелатонин во крвта и да ви помогнат да заспиете.

Ќе го намалите притисокот – Оревите можат да го намалат крвниот притисок кај луѓето кои страдаат од хипертензија и кај оние кои се под постојан стрес.

Ќе ја зголемите плодноста – Оревите помагаат да се зголеми подвижноста на спермата, што значи дека ќе ја подобри општата плодност кај мажите.

Ќе ја подобрите функцијата на мозокот – Хранливите материи во јаткастите плодови ја подобруваат функцијата на мозокот. Особено, полинезаситени масти, полифеноли и витамин Е.

Оваа теорија е поддржана со истражување кое покажа дека оревите имаат позитивен ефект врз функцијата на мозокот, меморијата и вештините за учење.

Според студијата, оревите исто така го намалуваат ризикот или може да ја забават прогресијата на Алцхајмеровата болест кај постарите лица.

Ќе го регулирате варењето на храната – Секојдневната консумација на ореви може да ви помогне да ги решите дигестивните проблеми и да ја одржувате правилната функција на дебелото црево – сето тоа благодарение на влакната што ги содржат. Докажано е дека оревите всушност позитивно влијаат на цревните бактерии.

Ќе ве заштити од предвремено стареењe – Оревите го забавуваат стареењето бидејќи се полни со витамин Б, што е добро за ослободување од стресот и подобрување на расположението.

Зголеменото ниво на стрес влијае на раната појава на брчки, а присуството на витамин Б заедно со витамин Е, природен антиоксиданс, помага во борбата против слободните радикали предизвикани од стресот. Ова пак го одложува процесот на стареење.

Ќе ви го намали апетитот – Иако содржат многу масни киселини, оревите се добри за слабеење затоа што помагаат во контролата на апетитот.