10 знаци кои укажуваат дека во телото се наталожени премногу токсини – симптоми кои никако не треба да ги игнорирате

Токсините се наоѓаат насекаде околу нас – во воздухот што го дишеме, во храната што ја јадеме, во водата што ја пиеме. Дури и вашиот смартфон е полн со доволно бактерии за да ве разболи.

Токсините секојдневно се акумулираат во нашето тело и понекогаш постигнуваат толку голема бројка, што почнуваат да влијаат на вашето здравје. Кога е време за детоксикација, вашето тело ќе ги покаже следниве симптоми.

1. Страдате од констипација – Кога јадеме храна, со неа консумираме многу хемикалии како презервативи, вештачки бои и вештачки вкусови. За време на дигестијата, цревата треба да се справат со овие токсини. Насобирањето на токсините може да предизвика проблеми со стомакот и констипација. Јадењето органска храна, намалувањето на алкохол и пиењето многу вода може да помогне со овој проблем.

2. „Замаглен“ мозок – Доколку чувствувате вртоглавица, збунетост и не можете да се фокусирате дури и после добро спиење, можеби имате проблем со токсините. Овие токсини создаваат серија реакции кои ги „сушат“ витамините и минералите коишто му се потребни на телото. Ова е слично како кога ќе ставите лошо масло во вашиот автомобил.

3. Дезодорансите не ви помагаат и го чувствувате мирисот на вашата пот – Сте се истуширале, сте нанеле дезодоранс, но луѓето сепак се муртат кога ќе застанете до нив. Токсините можат да го влошат и мирисот на вашето тело. Кога се дигестираат, тие предизвикуваат гасови и миризби кои се ослободуваат од порите на телото, правејќи го да мириса лошо.

4. Болки во мускулите и зглобовите – Доколку не сте претерале во теретаната или не сте работеле некоја напорна физичка работа, но сепак имате болки во мускулите и зглобовите, причината најверојатно се наталожените токсини. Болките во телото се показатели дека имате непроверено воспаление во телото, па доколку нема друга причина за него, пробајте детоксикација.

5. Ви се појавуваат нови дамки на кожата – Кожата е најголемиот орган на нашите тела и често е изложена на загадување. Исто така, продуктите како шампони, регенератори, сапуни и лосиони можат да содржат штетни хемикалии. Изложувањето на толку многу токсични хемикалии може да предизвика симптоми како акни, осипи и егзема.

6. Тешко ви е да заспиете – Од една страна, насобирањето на токсините прави да се чувствувате изморено, но од друга не ви дозволува да се наспиете. Високото количество токсини во телото може да го наруши лачењето на кортизолот, што има негативно влијание на спиењето. Несоницата може да предизвика сериозни здравствени проблеми, па доколку имате тешкотии со заспивањето, размислете за детоксикација.

7. Ги зголемувате килограмите – Доколку сте активни, но сепак продолжувате со дебелеење, можеби имате проблем со вашите хормони. Токсините можат да влијаат на нивото на одредени хормони во телото, вклучувајќи ги и оние за одржување на тежината. Почнете да се хранете органски и направете детоксикација.

8. Здивот ви мириса лошо – Лошиот здив најчесто е симптом на дигестивни проблеми. Ова се случува кога дигестивниот систем има проблеми со преработување на сета храна што сте ја изеле. Ослободувањето од токсините е единствениот начин да се справите со овој проблем.

9. Ноктите ви се кршливи и изгледаат лошо – Најчесто страдаат ноктите на нозете. Поголемиот дел од денот, вашите нозе се во чорапи и чевли, што создава совршен околина за габи. Во комбинација со токсините, состојбата на ноктите може да се вложи. Иако можеби сте биле на лекар и ви препишале нешто, добро е лекот да го комбинирате и со детоксикација.

10. Паѓање на косата – Паѓањето на косата не е симптом од наталожени секојдневни токсини. Најчесто настанува поради токсините како арсен, олово и талиум. Па, доколку забележите дека ви паѓаат повеќе влакна од вообичаено, најдобро е да одите на лекар.

Како да направите детоксикација? Доколку сте забележале еден или повеќе од знаците, добро е да се обидете да направите детоксикација на телото. Иако постојат покомплицирани процедури, можат да ви помогнат и некои мали животни промени.

Пијте многу вода – таа помага при исфрлањето на токсините. Токсините му штетат на црниот дроб. За да го зачувате неговото здравје, пијте чај од глуварче или додајте магдонос или коријандер во вашите оброци.

Вежбајте јога. Таа ја подобрува циркулацијата и помага во ослободувањето од токсините. Мијте ги забите навечер после вечера. Исто така, не заборавајте да го исчистите и јазикот. Јадете само чиста и органска храна. Додајте пробиотици во исхраната. Користете природни козметички продукти кои се без парфеми и други токсини.

Advertisement