Јаткастите плодови и оревите спаѓаат во суперхрана. Не само што изобилуваат со корисни и хранливи материи, вклучувајќи ги полинезаситените мести, фенолите, витаминот Е и антиоксидантите, тие може да имаат неверојатен учинок и врз здравјето на човекот.
Со вклучувањето на само пет ореви дневно во исхраната, може да бидете сигурни дека ќе почувствувате изненадувачки здравствени ефекти.
Ова се само дел од здравствените предности кои може да ги добиете со воведувањето на оревите во дневното консумирање:
- ја намалуваат големината на половината за скоро 1,5 сантиметри
- ги намалуваат шансите за развој на болести на срцето
- го зајакнуваат здравјето на мозокот
- го намалуваат холестеролот
- го зголемуваат бројот на сперматозоиди кај мажите
- го намалуваат ризикот од дијабет
- превенција се за рак
- го јакнат здравјето на косата, кожата и ноктите.
Постојат повеќе причини зошто би требало да ги вклучите оревите во секојдневната исхрана.
Што се случува со телото 4 часа откако ќе изедеме само 5 ореви?
На телото му се доставува цел асортиман на хранливи материи и витамини, а сите се одлучувачки во зачувувањето на организмот, полнејќи го телото со гориво до следниот оброк.
Оревите се познати и за стабилизација на стресот. Антиоксидантите во оревите го зајакнуваат срцето и се борат против слободните радикали кои се познати како предизвикувачи на болести на срцето.
Омега-3 масните киселини го намалуваат чувството на депресија и симптомите на АДХД. Органите почнуваат да работат поефикасно и со тоа се спречува затнувањето на артериите и другите негативни ефекти врз здравјето.
Ако се консумираат во умерени количини, нема да предизвикаат дебелеење. Наместо тоа, ќе го чуваат здравјето, ќе ја регулираат тежината и големината на половината.Со вклучувањето на само пет ореви дневно во исхраната, може да бидете сигурни дека ќе почувствувате изненадувачки здравствени ефекти.