Напитокот направен од свежо овошје и зеленчук, кој е наречен „smoothie“ е нешто најздраво што можете да си го дадете во летните денови.
Иако сите комбинации на овошје и зеленчук се добри за здравјето и губењето на килограмите, ова е една од најдобрите рецепти. Овој розов напиток содржи многу малку калории, а дава чувство на ситост.
Здраво е да го консумирате бидејќи ги чисти бубрезите, го намалува крвниот притисок, го регулира шеќерот во крвта, а исто така помага и при губењето на килограмите.
Состојки:
- Половина шолја сецкана свежа краставица
- Лажица мед
- Лажица сок од лимон или лимета
- Две шолји сецкана лубеница
Подготовка: Измијте ги состојките, олупете ги и извадете им ги семките. Парчињата краставица ставете ги во блендер, потоа додадете го сокот од лимон и медот, а на крај лубеницата. Мешајте добро додека да се изедначи смесата. Можете да додадете и неколку коцки мраз.

























