Ако сакате да го исчистите телото од наталожените токсини, да направите еден “рестарт” на телото и едноставно да добиете повеќе енергија, овој напиток е баш за вас.

Лимонадата за многумина е омилен летен пијалак кој освежува и е многу вкусен, но кога ќе ѝ додадете и активен јаглен, ќе добиете совршен напиток за преродба на целиот организам. Токму поради активниот јаглен, овој напиток има црна боја додека вкусот останува непроменет.

Црната лимонада го чисти телото од токсини, го чисти црниот дроб и го намалува холестеролот. Помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање на воздух во текот на јадењето). Ја регулира работата на дигестивниот тракт, а на тој начин го забрзува метаболизмот што доведува до губење на килограмите.

Активниот јаглен се добива со деструктивна дестилација на материјали од различни билки и кора од кокосов орев и има впивачки својства, па затоа ги отстранува штетните материи и токсини од организмот.

За припрема на црна лимонада ви е потребно:

  • сок од половина лимон или лимета
  • чаша минерална или кокосова вода
  • половина лажичка активен јаглен

Начин на припрема: Во водата додајте го сокот од лимон и активниот јаглен во прав. Добро промешајте и напитокот е спремен. Се консумира само еднаш неделно – никако почесто од тоа!

Напомена: оваа лимонада може да го намали влијанието на лековите. Поради тоа, доколку пиете некои лекови, треба да внимавате да има двочасовен интервал помеѓу лекот и пиењето на црната лимонада.