Иако спиењето со вклучено светло може да направи да се чувствуваме побезбедно и поудобно, истражувањата покажуваат дека тоа не е добра работа. Светлината е клучен сигнал кој го усогласува биолошкиот ритам на телото со циклусот ден-ноќ и ги регулира процесите како што се температурата и ослободувањето на хормоните.
Сепак, истражувањата покажуваат дека ноќната светлина може да биде проблематична. Се поврзува со дебелината кај жените и дијабетес тип 2 кај постарите лица, додека холандските научници открија дека силната дневна светлина и слабата светлина во текот на ноќта може да им помогнат на луѓето со преддијабетес да го регулираат шеќерот во крвта.
„Откривме дека светлината, дури и во мали количини, го зголемува активирањето на автономниот нервен систем, што предизвикува зголемен пулс и намалена чувствителност на инсулин“, рече др. Филис Зи од Северозападниот универзитет.
Во една студија објавена во списанието “Proceedings of the National Academy of Sciences”, 20 доброволци биле проучувани во текот на две ноќи. Едната група спиела на слабо светло, додека другата една ноќ поминала со посилна светлина од 100 лукса, што е споредливо со осветлување во облачен ден.
Резултатите покажале поголема отпорност на инсулин, поголем пулс и помала варијабилност на отчукувањата на срцето кај оние кои спиеле со вклучено светло, иако нивото на мелатонин било исто во двете групи, пишува “The Guardian”.

























