Пет причини зошто е здраво да се пие ракија

Пиењето ракија не е само своевиден доказ за машкоста. Конзумацијата на ракија може да ви донесе и неколку здравствени предности – секако, доколку не претерувате!

Ова се 5 причини за тоа:
Го продолжува животниот век – Преголеми количини ракија, и било кој друг алкохол, дефинитивно ќе ви го скратат животниот век, но умерена количина може да ви го продолжи. И тоа поради што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главен причинител за староста.

Ослободува од стрес – Доколку пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем, така што ве опушта. Повторуваме – само доколку пиете во умерени количини.

Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар – Одлична работа кај ракијата е што спречува наслаги на холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем. А сето тоа ја намалува опасноста ос срцев и мозочен удар.

Помага при спречување настинка – Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да послужи и како одличен сируп за кашлица. Исто така алкохолот ги убива бактериите во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.

Не дебелее – Еве одличен аргумент – за разлика од газираните, па дури и некои „природни“ сокови, ракијата е алкохол со многу мал број калории.

spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ