Смути од мушмули

Идејава за овој превкусен напиток е сезонска исто како и мушмулите.

Киселкастиот вкус на мушмулите одлично се соедини со бананата и ванилиниот вкус на млекото од соја.

Состојки:

  • 200 мл. вода
  • 2 лажици соја во прав (соин напиток) со вкус на ванила
  • 2 лажици пире од мушмули (10-12)
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажица мед
  • 1 банана (зрела)

Подготовка:

За полесно да се добие пирето од мушмулите, отстранете мал дел од врвот од мушмулата и внимателно како од шприц истиснувајте од овошното месо.

При тоа со лажичка или со ноже тргајте ги коските.

Измешајте ја сојата во прав со водата и добиеното млеко истурете го во блендер, додадете го пирето од мушмулите, медот, чиа семето и исечканата зрела банана.

Блендирајте кратко да добиете мазна хомогена смеса.
Добар апетит!

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ