Секојдневното туширање е штетно за вашето здравје – значително го зголемува ризикот од…

Ако ги прашате докторите, тие без сомнение ќе ви одговорат дека не е добро да се туширате секојдневно.

Доколку сакате да го отстраните непријатниот мирис од пазувите или стапалата, доволно е само да се поминете со вода, бидејќи проблемот доаѓа од секојдневно миење со најразличните препрати за хигиена, како сапуните, геловите за туширање, шампоните и слично.

Одржувањето на редовна хигиена е многу важно за здравјето на организмот, но што ако претерувате во тоа?

Претераното туширање може лошо да влијае на хидратацијата на кожата, така што ја прави сува и оштетена, притоа создавајќи одлична површина за лесно развивање на микроорганизмите. Ова може значително да го зголеми ризикот од инфекции кај одредени луѓе. Иако многумина мислат дека честото миење со препарати за хигиена ќе ги заштити од одредени здравствени проблеми, сепак може да се случи токму спротивниот ефект.

Секојдневното туширање со сапун и вода ги отстранува сите добри работи од нашата кожа, а кои нè одржуваат буквално – во живот.

Станува збор за микробите кои се наоѓаат на нашата кожа, а кои делуваат поволно на имунолошкиот систем, правилното отчукување на срцето и регулација на себумот. Секојдневното туширање ги отстранува и ја прави кожата незаштитена. Тоа може да доведе до слабеење на имунитетот, проблеми со варењето на храната, па дури и кардиоваскуларни болести.

За повеќето луѓе е сосема доволно да се тушираат два пати неделно, но ако имате работа која ве поти или пак, ако сте физички активни, обидете се да избегнувате секојдневно користење на производите за хигиена и исплакнете ја потта само со вода. Ако сметате дека не е доволно, тогаш користете го сапунот само на критичните области, како пазувите и стапалата.

Од друга страна пак, ако имате сува коса, тогаш слободно можете да ја миете со шампон само еднаш во неделата. Ако имате проблеми со кожата на главата, како што е првутот, тогаш можете да користите шампон и неколку пати неделно.

Исто така обидете се и помалку да си ги миете рацете, како и помалку да ја перете облеката, за да го намалите ризикот од одредени болести што настануваат како резултат на намалување на имунитетот од отстранувањето на заштитните слоеви на кожата.

Истражувањето потврдило дека на добрите бактерии на нашата кожа негативно делуваат различните гелови за туширање и козметичките производи.

Сепак научниците немаат одговор колку често би требало да се тушираме за да не ја загрозиме природната рамнотежа. Ако сте навикнати на секојдневно туширање, научниците кои стојат зад ова истражување советуваат секој втор ден да се туширате со сапун, а на дневна база еднаш кратко да се измиете со млака вода.

Нивната препорака е исто така да не користите сунѓери за капење бидејќи се прегруби за секојдневна употреба.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!
spot_imgspot_img

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ