Знаци кои покажуваат дека имате проблеми со срцето – не ги игнорирајте

Внимавајте на овие симптоми за да откриете дека имате проблеми со срцето:

1. Непријатно чувство во градите
Чувство на болка, притисок и непријатност во градите се чести знаци за проблеми со срцето. Ова чувство може да биде нормално по вежбање и ќе го решите со одмор. Но, ако болката започнува наеднаш и е проследена со умор, вртоглавица, време е да посетите доктор.

2. Рчењето
Ова е пореметување кога личноста престанува да диши на неколку минути во текот на спиењето. Често се поврзува со срцеви болести и ризик од престанување на работата на срцето.

3. Гадење
Постојат многу причини поради кои можеби ќе се чувствувате лошо. Но, многу истражувања покажале дека жените имаат поголемо гадење како предзнак за срцев удар.

4. Отечени нозе
Срцето кое не функционира добро, не може да ја пумпа крвта. Како резултат вашите зглобови можат да бидат отечени.

5. Нееднакви отчукувања на срцето
Сигурно сте забележале дека срцето ви чука брзо кога сте уморни. Треба да знаете дека прескокнувањата на отчукувањата може да бидат знак за атријална фибрилација.

Advertisement