Запишете си го овој рецепт: Домашна маст против болни зглобови- помага веднаш по првото нанесување

Оваа маст се подготвува од едноставни состојќи, кои во кујната ги поседува секоја домаќинка. Овој рецепт сакаме да го поделиме со вас, бидејќи е навистина делотворен и помага веднаш по првото нанесување.

На сите нас ни е познато болното чувство во зглобовите. Обично болката ја чувствуваме во колената, рамениците, лактите. Се чувствуваме скршено. После четириесетата веруваме дека тоа е нормална појава со стареењето. Но што доколку овие болки се појават и во 25-30 година? Дали и тоа е старост?

Нормално, причините можат да бидат повеќе, траума, преоптеретување, скршеници, артритис, реума, но сега нема да разговараме за тоа, туку како да ја решиме оваа болка во зглобовите.

За подготовка на маста ќе ви биде потребно: мед, сенф (најдобро да биде лут), сол и сода. Од сите состојќи по 1 супена лажица. Се добро промешајте до добивање на хомогена смеса. Ставете го во празна кутија од крема или некоја друга чиста амбалажа. Тоа е вашата спасителна маст.

Примена: Болното место добро намачкајте го со оваа маст и направете облога, односно ставете најлонска кеса и заврзете со нешто топло, најдобро е со волнен шал. Така држете 1,5 – 2 часа.

Процедурата е најдобро да ја направите пред спиење, за по отстранувањето на облогите, болното место да остане во мирна положба. Наутро измијте го местото.

Не ограничувајте се со еден третман, повторете го 4-5 дена по ред. Ефектот ќе го почувствувате веќе по првото нанесување. После повторувајте го процесот само по потреба. Маста е доволна за неколку дена. Чувајте ја во фрижидер.

Advertisement