Влакна на брадата кај жените не се толку невообичаени- зошто се појавуваат и кога треба да се обратите кај лекар

Што ако преку ноќ ви израснат влакна на брадата?!

Како прво, вие не сте првата на која ќе се случи, иако мислите дека е така, затоа што повеќето жени не зборуваат за тоа. Влакненца на брадата е резултат на комбинација на генетика и хормони.

Машките хормони во нашето тело, како и општата хормонална рамнотежа, играат голема улога во појавата на овие влакна “, објасни Хедли Кинг, дерматолог од Њујорк.

Во зависност од тоа колку фоликулите на косата се чувствителни на хормоните, влакната ќе бидат послаби или посилни, а тоа го одредува генетиката. Значи, ако вашата баба ви пречеше со нив, и вие исто така.

Тие влакна на брада можат да почнат да растат во секое време, но кај повеќето жени тоа ќе се случи на подоцнежна возраст, затоа што тогаш се менува и хормоналната рамнотежа, а најлесно решение е да се искубат со пинцета (чупалица). Иако би можеле да одите и на ласерско одстранување на влакна. ласерски третмани.

Самата појава на влакна не е ништо алармантно. Но, ако се појават придружени со нередовна менструација, големи влакна насекаде на телото и лицето и тврдоглави акни, можно е да страдате од синдром на полицистични јајници и дефинитивно треба да се консултирате со лекар.

Advertisement